Бизнис
13. јуни 2019 - 16:28

Државата ја чека понудата од Бугарија за инвестирање во Белене

Македонија да се вклучи во изградбата на нуклеарната централа Белене во Бугарија, препорачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Бислимовски вели дека на тој начин Македонија ќе го реши проблемот со енергетските ресурси, бидејќи анализите покажуваат дека земјава има јаглен за само уште 15 години.

Според него, земјава во 70-тите веќе учествувала во изградба на термоелектрана на Косово за да се задоволат потребите на бивша Железара.

-Се разбира, и Владата и останатите инвеститори треба да ги испреговараат условите под кои што треба да се инвестира. Но, потенцирам дека ова е мое лично мислење,  ние треба да влеземе во такви регионални проекти имајќи го предвид енергетскиот потенцијал кој го имаме ние како државa, истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Кон крајот на мај годинава во службениот весник на Европската унија беше објавен повик за изразување интерес за стратешки инвеститор во Белене, кој трае 90 дена. Владата веќе објави дека сериозно е заинтересирана за инвестирање. Се чека само конкретна понуда од бугарска страна.

-Согласно нивната понууда ние ќе ги направиме анализите внатре за нашата држава, што секако ќе биде во интерес на граѓаните. Истовремено, треба да се има предвид што ќе биде придобиеме ако се вклучиме како акционери во изградбата. Дали ќе добиеме поевтина струја, или пак, тие ќе ни понудат руг модел за ние да бидеме вклучени како партнери, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Проектот за нуклеарката Белене постои веќе 40 години. Но, неколку пати досега бил одлага, па е рестартиран во 2008. година.

Досега интерес за влез во Белене покажаа компании од Русија, Германија, Франција, САД, Кина и Кореја.