Бизнис
7. October 2017 - 16:42

Државата и Министерството за земјоделство да обезбедат семенски материјал за органски производи бараат производителите

Државата и министерството за земјоделство да обезбедат семенски материјал за органски производи,  бараат производителите. Велат дека надлежните го стимулираат производството со субвенциите, но не им обезбедуваат основни репроматеријали. Тие се принудени сами да се снаоѓаат и понекогаш дури и да прават криминал.

Пазарот на органски производи се сведува исклучиво на Скопје. Населнието е сеуште слабо едуцирано за здравствените придобивки од органската храна Голем проблем е и слабата промоција на овие производи кои во маркетите стојат на исти рафтови со класичните и потрошувачите слабо ги препознаваат. Производителите алармираат дека производството уште повеќе ќе се намали доколку ресорното министерство не им помогне.

Денеска беше промовирана мобилната апликација Органски пат преку која потрошувачите полесно ќе можат да ги најдат сите органски производители продавници, сместувачки и туристички капацитети  во земјава кои нудат органска храна.