Бизнис
8. January 2018 - 20:00

Државата годинава ќе почне активности за да донесе гас од соседните земји до Македонија

Државата годинава ќе почне активности со кои гасот од соседените земји ќе го донезе до Македонија. Планирано е да бидат распишани јавни повици за изгрдба на интерконкциски врски до Грција, Бугарија како и за поврзување на ТЕЦ Неготино со магистралниот гасовод.

Паралелно, ќе продолжат и активностите за доизгрдба на мрежата во земјата. Магистралниот гасовод од Клечовце до Штип е готов, втората делница кон Неготино е над 80% завршена. Од тука гасоводот треба да продолжи преку Прилеп за Битола. Според планот гасот до Пелагонија треба да стигне до 2020 година. Во овој дел изградбата е со послаба динамика заради нерешените имотно правни односи. Проблеми со експрорпијацијата и проектната документација има и во делот од гасоводот кој преку Скопје гасот треба да го однесе до полошката котлина.

Во интревју за МИА, директорот на Макеоднски енергетски ресурси, Благојче Котески вели дека за две години гасот може да биде донесен со оптшините, но само ако тие работат поаралелно со државата.

МЕР го развива  транспортот и го носи гасот до главната  регулациска станица во градовите, а  оттаму самите  општини ќе треба да преземат иницијатива, да ја средат потребната документација и да овозможат структура која ќе ја врши дистрибуцијата во градската средина. Ако овие две активности се вршат паралелно, значи додека ја градиме националната мрежа, а општините го почнат својот дел, кој за нив стартуваше од 18-ти декември, ќе имаме ситуација во која ќе бидеме благопријатно изненадени од брзината на гасификацијата на државата.

Во земјава досега гас има само во Струмица и Куманово. Енергенсот поминува покрај Крива Паланка до Скопје, но и двата града немаат мрежа за тој да може да се дистрибуира.