Фудбал
6. September 2015 - 10:39

Друловиќ разочаран од „ѕвездите“?!

Македонскиот селектор Љубинко Друловиќ изрази разочарување во изјава за Македонски спорт од тешкиот пораз во Луксембург кој не фрли на самото дно од квалификациската група:

„Што да се каже по еден ваков ме. Поништен ни е чист гол и имавме неколку зицери. ја заслуживме победата, но судбината е сурова. Ова е преголема казна за нас, во меч во кој не заслуживме да изгубиме. Ни недостасуваше завршниот пас во играта и тоа беше причината за лошата слика на теренот. Очекував многу повеќе од Трајковски и Ибраими кои беа безопасни, додека Абдурахими беше тој кој даваше живост во играта, но ете ги утна зицерите и пеналот“ изјави селекторот Друловиќ.