Балкан
19. December 2018 - 23:06

Другарот Тито „се врати“ во Подгорица

Споменикот на Тито е откриен во центарот на градот кој порано го носеше неговото име.Споменикот е поставен на иницијатива на градските власти , како и на Сојузот на борците на Црна Гора.
 
 
Бројните присутни не можеа да ја скријат радоста што Тито ,,се врати во неговито град” .
 
 
Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ рече дека и покрај различните гледишта за улогата на Тито  , тој е најзначајна историска личност на овие простори.
 
 
Бронзената статуа е една од неколкуте копии на оригиналот кој во 1948 година ја изработи хрватскиот скулптор Антун Аугустинчиќ.