Балкан
24. November 2016 - 13:03

Другарките на Теодора: Беше столб на семејството, остајте ја да биде на подобро место со нејзината мајка

Теодора Качански трагично настрада во Нови Сад а според мислењето на сите луѓе од нејзино окружување, била девојка за пример. Нејзината другарка Мина за телеграф.рс кажала дека Теодора по смртта на нејзината мајка била столб на семејстовто.

- Го познавам целото семејство на Теодора, таа беше ангел, прекрасна и пожртвувана ќерка. Таа се грижеше до последниот ден на животот на мајка и, ја правеше среќна жена со грижата и љубовта. По смртта на мајка и, продолжи да биде ангел за нејзиниот татко, сестра и брат - кажала потресенета девојка.

 

A photo posted by kacanska (@kacanska) on

Додала дека Теодора живеела за семејството, љубовта на својот живот и пријателите.

- Таа беше столб на семејството, не можам да ви опишам колку ми е жал за нејзиното семејство. Жално е колку во нашето општество има злобни и несреќни луѓе кои навредуваат девојка која не згазила на мравка, и судат врз основа на предрасуди.

- Само сакам да ја остават да почива во мир на некое подобро место со својата мајка - завршила Мина.