Интернет
3. July 2015 - 15:00

Dropbox има 400 милиони корисници, но и посериозна конкуренција

 
Dropbox успеа изминатата година да додаде уште 100 милиони корисници на своите 300 милиони, но предизвиците за монетизацијa остануваат проблем за сервисот, вели Bloomberg. Dropbox е сè уште лидер на пазарот на веб складишта која вреди 904 милиони долари. Dropbox, кој е вреднуван на 10 милијарди долари, можеби држи 24 отсто од севкупниот пазар, но посериозните конкуренти Box и Microsoft речиси двојно го зголемија своето учество и сега со околу 21 отсто.
 
Dropbox прави пари од продавање на простор, но најмноуг од премиум сервисот кој овозможува крирање на бизнис и личен профил кои корисниците можат да ги користат во зависност од потребата. Но компанијата, а и корисниците имаат потреба од воведување на поголема безбедност. Компанијата сè уште размислува околу начините на продажба и тоа дали и подобра директната продажба до клиентите или партнерства, „Tестираме различни работи“, вели Дру Хјустон директор на Dropbox.
 
Во меѓувреме Microsoft го прилагоди својот софтвер и им овозможи на корисниците на Office самите да изберат дали сакаат да користат Dropbox или OneDrive. Microsoft веќе потпиша партнерства со дел од производителите на Android паметни телефони и креираше iOS и Android апликации за Officе, преку кои може да го промовира својот OneDrive, пандан веб складиште на Dropbox. Но, Microsoft истовремено има и партнерство со Dropbox овозможувајќи преглед на Office документи преку сервисот.
 
Dropbox има свои адути, пред се неговата популарност поради која и Google сака да соработува со сервисот. Најголемиот пребарувач е заинтересиран да партнерство со Dropbox и интероперабилност помеѓу Dropbox и сервисите на Google. „Идеалното сценорио е Dropbox да стане инегриран партнер со Google во повеќе области. Сите заедно градиме голема облак платформа“, вели Ерик Шмит. Ова му дава на Dropbox причина за оптимизам, бидејќи сервисот сега има договори со 100.000 компании, што претставува зголемување за 50.000.