Loading Video...
Спорт плус
1. August 2021 - 12:55

Дресел и Мекион најуспешни пливачи на ЛОИ во Токио

 
 
Американецот, Дресел освои пет златни медали. 
Тој беше најбрз во спринтот на 50 метри слободно пливајќи во време на нов Олимписки рекорд 21.07 секунди. Дресел беше и член на штафетната трката 4х100 метри во која Американците исплива 3:26.78 минути што е за 50 стотинки подобро од досегашниот светскиот рекорд. 
Среброто и бронзата им припаднаа на британската и италијанската штафета.
 
На идентичен начин и Австралијката, Ема Мекион ја заврши олимпијадата. таа победи на 50 метри слободно со нов олимписки рекорд 23.81,секунди, а потоа со своите сонароднички и во штафетата 4х100 метри мешано. Австралијките во драматичен финиш и со нов олимписки рекорд стигнаа до златото пред Американките и Канаѓанките. Така Ема Мекион овие олимписки игри ги заврши со вкупно седум медали од кои четврти златни, едно сребро и две бронзи.
 
Олимпијадата ќе ја памети и американскиот пливач Роберт Финке на 1.500 метри доплива до првото место па по златото на 800.местри Финке го придодаде и златото во оваа дисциплина.