ОН: Драстично зголемување на цивилните жртви на истокот од Украина
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања соопшти дека во периодот јануари-февруари 2017 година има драстично зголемување на бројот на жртви и ранети меѓу цивилите на истокот од Украина, при што оваа бројка достигнала 111, што е двојно повеќе во однос на периодот од ноември до декември минатата година.
Од почетокот на годината се погинати 20 лица, додека 91 се повредени, се наведува во најновиот извештај на канцеларијата на ОН, пренесе ТАСС.
Во документот се прецизира дека најголемиот број цивили погинале или се ранети во „гранатирања на артилеријата и тенковите“, како и во напади со ракетните системи.
ОН наведува дека од почетокот на конфликтот во источна Украина, во април 2014 година, повеќе од 2.000 цивили се убиени, а околу 7.000 се ранети.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок