Свет
5. March 2017 - 8:50

ОН: Драстично зголемување на цивилните жртви на истокот од Украина

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања соопшти дека во периодот јануари-февруари 2017 година има драстично зголемување на бројот на жртви и ранети меѓу цивилите на истокот од Украина, при што оваа бројка достигнала 111, што е двојно повеќе во однос на периодот од ноември до декември минатата година.

Од почетокот на годината се погинати 20 лица, додека 91 се повредени, се наведува во најновиот извештај на канцеларијата на ОН, пренесе ТАСС.

Во документот се прецизира дека најголемиот број цивили погинале или се ранети во „гранатирања на артилеријата и тенковите“, како и во напади со ракетните системи.

ОН наведува дека  од почетокот на конфликтот во источна Украина, во април  2014 година, повеќе од 2.000 цивили се убиени, а околу 7.000 се ранети.