Свет
14. March 2020 - 13:59

Драстично зголемување на бројот на заразени во Шпанија

Бројот на заразени од новиот коронавирус во Шпанија денеска драстично се зголеми, објави Би Би Си.

Според последните информации, потврдени се нови 1.500 случаи на Ковид-19, со што бројот на заболени лица во Шпанија достигна над 5.700.

Шпанија е најпогодена земја од новиот коронавирус, веднаш по Италија.