Живот
1. јуни 2016 - 21:15

Драстични промени во „Пинкови ѕвезди“: Овие членови на жирито нема да ги гледате во следната сезона!

Жирито во оваа сезона на „Пинкови ѕвезди“ го сочинуваат: Светлана Цеца Ражњатовиќ, Бора Чорба, Мирослав Илиќ, Марина Туцаковиќ и Харис Џиновиќ. Како што стојат работите, наводно следната сезона во фотелјата нема да се најде ниту еден актуелен член на жирито.
 
Иако Бора изјави дека премногу му е жал што се дели од колегите, популарниор рокер призна дека разделбата е неизбежна.
 
- Не знам за другите членови, разговарав со Цеца, таа мисли дека сме им досадни на луѓето. Од друга страна, сепак мислам дека е штета оваа екипа да престане со абота. Иако, можеби Цеца е во право, - изјавил Бора за „Ало.рс“.
 
Додека Бора размислува за понатамошен ангажман, Мирослав Илиќ се уште се мисли, а Марина Туцаковиќ претходно изјави дека во следната сезона нема да ја гледаме.
 
- Доволно беа две години, потребна е нова сезона и нови луѓе, - рекла Марина.
Од друга страна, Харис Џиновиќ ќе биде отсутен од следната сезона на „Пинкови ѕвезди“ поради деловни обврски и обврски во врска со снимање на новиот албум.
 
Се уште не се знае кој ќе ја замени оваа позната петорка, бидејќи од телевизијата се уште не е официјално.