Драстични климатски промени во САД, според федералните агенции
Според нацрт извештај на федералните служби, просечните температури во САД драстично и брзо се зголемиле, а изминативе децении се најтопли во однос на претходните 1.500 години, објави „Њујорк тајмс“.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се уште не одобрила извештаи на 13 федерални агенции кои ги дале податоците, но тие сведочат дека Американците веќе сега трпат последици од климатките промени.
Очигледно е дека извештаите, наведува весникот, сосема се спротивни на тврдењата на Трамп дека човечкиот придонес во климатските промени е недокажан, а дека способностите за предвидување последици од тие промени се многу ограничени.
САД во петокот најавија дека и натаму ќе учествуваат во интернационални преговори за климатски промени со цел заштита на свои интереси и покрај претходното планирано повлекување од Парискиот договор.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители