Бизнис
12. November 2018 - 9:41

Драстичен пораст на цената на нафтата по ненадејна најава од Саудиска Арабија

Цените на суровата нафта забележаа драстичен пораст откако Саудиска Арабија најави дека следниот месец ќе го намали производството.

Ријад најави дека од следниот месец ќе го намали производството на сурова нафта за половина милион барели дневно поради намалена побарувачка.

Тоа е сфатено како знак дека ОПЕК би можел на следниот состанок во декември да најави координиран рез во производството, во обид да ги одржи цените.

Нафтата од типот „брент“ утрово се зголеми за речиси два отсто на 71,55 долари за барел, додека американската лесна нафта во Њујорк се зголеми за 1,3 отсто, на повеќе од 61 долар.