Драмскиот аматерски фестивал прославува 60 години од своето постоење
Познатиот Драмски аматерски фестивал ДАФ кој годинава одбележува јубилеј, 60 години постоење, ќе почне вечерва во Кочани и ќе трае до 1 јуни.
На првиот фестивалски ден публиката ќе може да види две професионални претстави, едната е „Човекот“ пантомима на Трајче Ѓеоргиев, актер од МНТ, и хит претставата „Вардарски Пастуви“ во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Театар Комедија.
Во следните фестивалски денови на програмата се претстави што ќе се борат за награди: „Театар Чекори“ од Скопје со претставата „Ние“, АТ „Колектив ветерница“ од Скопје со „Робоград“, гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид со „Странци“, аматерскиот театар „Репетициона 04“ од Штип со „Недоразбирање“, театар „Дунек“ од Гостивар со „Бенг бенг и мртов си“.
Од Србија ќе гостува Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ – Прокупље, а на затворањето ќе гостува ДАХ театар од Белград со студенти од белградската академија, Македонскиот културен центар во Софија и монодрамата „Страстите на Илија“ со Игор Дамјанов.
На фестивалот предвидени се и настапи на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби и промоции на книги а ќе има гостувања и од САД, Србија, Грција, Бугарија.
Ново на Сител
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово
-
Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел
-
Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите - ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати