Свет
8. January 2019 - 16:50

Драматично во Австрија, снег паѓа веќе 4 дена - ги затрупа и продолжува да врне, луѓето останаа без залихи од храна и можност да заминат

Метеоролозите во Австрија и Германија во јануари очекуваат рекордно количество снег. Поради тоа и опасноста од лавини е подигната на највисоко ниво. Во вторникот попладне затворен е еден ски центар во јужна Баварија.

Посебно е драматично во Австрија каде некои места и луѓе буквално се отсечени од светот.

Prazne police

Во Хохентауерн во Штаерсја живеат 550 луѓе. Таму снег паѓа веќе четири дена.

„Ни се закануваат лавини, а се предвидуваат и нови врнежи. Ситуацијата е драматична. Сигурно уште три дена не одиме никаде“, вели началникот Хајнц Вилдинг.

Во Сулктал патиштата се затворени веќе петти ден. Војската ги снабдуваше со храна и вода од воздух, но мораа и со тоа да прекинат поради лошото време.

Во Тирол има три метри снег. До четврток може да паднат уште 120 сантиметри.

Двајца скијачи кои исчезнаа во саботата кај Хохенберг се уште не се пронајдени, а во потрагата помага и војската.

Во Долна Австрија околу 300 домаќинства во вторникот останаа без струја.

Туристите заминуваат во организирани конвои.