Свет
17. October 2017 - 13:53

Драматични снимки од најголемата светска трагедија: Река народ, сите заборавија на нив, а тие бегаат да спасат жива глава

Високиот комесаријат на ООН за бегалци (УНХЦР) го повика денеска Бангладеш да ја забрза проверката на 15.000 бегалци Рохниџи, кои се „заглавени“ во близина на границата, откако избегаа од насилствата во Мјанмар.

УНХЦР бара од Бангладеш да ги префрли бегалците подлабоко во земјата, заради подобри и побезбедни услови.

Според податоците на ОН, околу 582.000 припадници на Рохинџи побегнале во Бангладеш од Мјанмар, од кога изби насилството на 25 август во државата Ракан.

- Сериозно сме загрижени поради хуманитарните услови во Бангладеп, каде илјадници новодојдени бегалци се заглавени во близина на границата, изјави портпаролот на УНХЦР Андреј Махечиќ на брифинг за медиумите во Женева.