Loading Video...
Свет
4. November 2020 - 17:13

Драматична станува трката за Белата куќа

Драматична станува трката за  Белата куќа.  Иако пребројувањето на гласовите се уште трае, ТРамп се прогласи  за 46-от  претседател на САД. Трамп ги обвини демократите дека  со милионските гласови  по поШта  кои се уште не преброени се обидуваат да ги украдат изборите.  Се закани дека од Врховниот суд ќе бара да престане  со пребројувањето на  тие гласови , процес  кој може  да потрае и неколку дена..

- Ова е измама на американската јавност. Срам за нашата земја. Се подготвувавме да победиме на овие избори. искрено, победивме. затоа, нашата цел е да го обезбедиме интегритетот за доброто на нацијата. Ова е голем момент, и голема измама за нашата нација. сакаме законот да се искористи на правилен начин. Затоа, одиме пред врховен суд, сакаме гласањето да сопре. Не сакам да најдат гласачки ливчиња во 4 наутро и да ги додадат во листата. ок?, истакна Трамп

Демократскиот претседателски кандидат не е изненаден од потегот  на неговиот ривал. Бајден повика на трпеливост, велејки дека е на добар пат да победи.

-Вашето трпение е за пофалба. Zнаевме дека ќе трае подолго, можеби до утре наутро, или можеби и подолго. Nо, се чувствуваме добро каде сме сега. Nавистина. тука сум да ви кажам дека сме на пат да победиме на овие избори,порача Џо Бајден.

Аналитичарите велат се уште е рано за предвидување на крајниот резулатат. Во важните држави како Висконсин, Пенсилванија и Мичиген победникот се уште е не прогласен.

Од вкупно 538 електорски  гласови, за место во Белата куќа  потребни се 270.   Засега кандидатот  на демократите, Бајден има мала предност. ТРамп и Бајден имаат различни ставови за  спраувањето со ковид 19 на домашен терен,   надворешно безбедносната политика кон Кина, Русија и ЕУ а за регионот за српско косовскиот спор. Што се однесува за Макеоднија  Двајцата кандидати ја подржуваат нејзината евроинтеграција.