Свет
13. September 2018 - 9:50

Драматична снимка од средиштето на ураганот: Пилот влезе во центарот на чудовиштето, бурата само што не удрила во копното

Авион на американските воздухопловни сили влета во средиштето на ураганот Флоренс за да собере временски податоци за Националниот центар за урагани.

Снимката ги покажува временските размери на јачината на ураганот Флоренс кој се приближува кој Јужна и Северна Каролина.

Над 10 милиони жители во три американски држави се предупредени на опасноста од ураганот Флоренс, соопшти американската Национална метеоролошка служба.

Ураганот Флоренс ослабна и сега се класифицира како ураган од трета категорија, соопшти синоќа Националниот центар за урагани на САД, но тој и натаму се смета за исклучително опасен.

Шест нуклеарни електрани во Северна и Јужна Каролина се наоѓаат директно на проектираниот пат на бурата, соопшти Мери Катерине Грин, портпаролка на компанијата која е нивен сопственик.

Ураганот се наоѓа на околу 750 километри од плажата Миртл во Јужна Каролина, а забележани се ветрови до 205 километри на час.