Свет
14. јуни 2018 - 21:45

Драматична снимка од спасувањето на две жени од потопен автомобил: Останаа заробени под подвозник среде страшно невреме

Страшно невреме проследено со силен дожд ја зафати денеска Италија, а полицијата успеа да спаси две жени.

Еден од поплавените градови беше и Анкона, пристаниште на италијанскиот брег на Јадранот.

Снимките кои се појавија на Интернет ја покажуваат драматичната акција на спасување на две жени од потопен автомобил кој останал заробен под подвожњак.

Тие не можеа да поминат поради калта и водата кои им беа до покривот од возилото.

Италијанските медиуми пишуваат дека жените би се удавиле да не дошле полицајците кои успеале да ги спасат од сигурна смрт.

Полицајците ги скршика прозорците на автомобилто и ги извлекоа жените на сигурно.