Балкан
3. April 2016 - 11:15

Драматична потрага по исчезнатата пејачка на Гранд

Пејачката на народна музика Јелена Крсмановиќ (33) исчезна вчера околу 16 часот во населбата Црвенка. Српската полицијата интензивно трага по неа.
 
Како што наведува семејството, таа околу 15 часот заминала да трча но не се вратила. Пред тоа била со сопругот и ќерката.
 
-За сега немаме нови информации. Кога ќе знаеме нешто повеќе ќе соопштиме, изјавиле утринава од српската полиција.
 
Нејзиниот сопруг, Зоран Марјановиќ вели дека тој и ќерката полека оделе зад Јелена на насипот покрај Дунав во Борци додека таа трчала пред нив. Патеката била долга неколку километри.
 
-Доаѓаме тука речиси секој ден за таа да трча. Автомобилот гопаркираме на првата рампа, па јас со ќеркатана ливадата покрај патеката си играм. За тоа време таа оди до следната рампа и се враќа назад. Денес ние тргнавне кон неа, но во еден момент ја изгубивме од вид и после ја немаше, вознемирено раскажува сопругот.
 
Јелена и се јавила на нејзината мајка кога била на половина на патеката.
 
-Мајка и е болна, пред неколку дена излезе од болница, па и се јавила на телефон додека трчала. Како што ми кажа мајка и и рекла дека ќе истрча и ќе и донесе дома храна, вели Зоран кој додава дека нејзиниот телефон се уште е вклучен и дека полицијата би можела да го лоцира, но чекаат да поминат 24 часа.
 
Пред исчезнување, како што вели нејзиниот сопруг, таа била расположена и насмеана и воопштво не мисли дека кренала рака на себе.
 
-Се бешево ред со нас. Таа не е ниту алкохоличар, ниту суициден лик, ниту наркоман. Таа е едно прекрасно суштество и ние силно сме врзани. Оваа е доста дива населба и има се и сешто. На Фејсбук постојано добиваше коментари од разни обожаватели „преубава си“, „слатка си“, „ќе те украдам“, номожеби на ова не треба да се обрати внимание, вели сопругот Зоран.
 
Полицијата синоќа ја интензивираше потрагата по пејачката. Со помош на кучиња пребарани се гробиштата во близина, а потрагата продолжила во напуштените куќи.