Драматична победа на Лоренцо во Австрија | Сител Телевизија
Спорт плус
12. August 2018 - 18:05

Драматична победа на Лоренцо во Австрија

Драматична трка гледаа љубителите на мотоциклизмот во Австрија во Џи-Пи класата.  Триумфираше возачот на Дукати Хорхе Лоренцо и тоа со извонредно возење особено во последниот круг кога успеа да го мине  светскиот првак Марк Маркез.

            Шпанската пресметка беше драматична по ризичното претекнување на Лоренцо на првиот  свиок на Ред Бул Ринг и обидите на Маркез да го врати првото место но беше добро блокиран и на крајот мораше да се задоволи со второто  место.

            Свои обиди да дојде до првата позиција имаше и Андре Довициозо кој на крајот го освои третото место.  Легендарниот Роси го освои 6.место по стартот од 14. Позиција.