Македонија
16. December 2018 - 13:58

Драматична исповед на Македонец кој беше во автобусот: Кога се разбудив, слушнав вриштење и околу себе видов крвави глави

Сведоштво на Македонец за  несреќата која се случи во близина на Лесоквац. 
 
"Кога се разбудив, слушнав врескање, видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав дека некој е мртов", рече еден млад човек од Битола, еден од патниците од македонскиот автобус на линијата Битола-Виена, кој се преврте во  Лесковац. Во оваа страшна сообраќајна несреќа, тројца македонски државјани загинаа, а 32 лица се повредени.
 
На лице место загинаа маж и жена, а меѓу повредените има дете на возраст од година ипол. Четири патници има со потешки повреди и тие се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш, за среќа се надвор од животна опасност. 
 
- Не знам кој ги  повикаа Брзата помош  и полицијата, но за брзо време  пристигнаа неколку амбулантни возила, а лекарите влегоа во автобусот. Тие веднаш ни дадоа помош. Тогаш пристигнаа пожарникари, мислам дека дојдоа од Лесковац, и  сите заедно не извлекоа од автобусот - рече еден млад човек од Битола кој ја повреди раката во несреќата.
 
ФОТО: Курир.рс