Драма во Виена: Милан Станковиќ ранет во престрелка пред ноќен клуб!?
Поп пејачот Милан Станковиќ настапи викендов во еден клуб во Виена, во кој таа вечер дошло до вооружена пресметка.
Како што пренесоа австриските медиуми, околу 5 часот утрото, 30-годишен маж од Романија се скарал со двајца Срби и еден Црногорец, на возраст меѓу 25 и 42 години, па таа кавга ескалирана и дошло до пукање пред клубот во кој настапувал младиот српски пејач.
Во првичните извештаи, австриските медиуми наведоа дека Милан е ранет во нога, дека е префрлен во болница и дека не е во животна опасност како и дека главните актери во инцидентот се уапсени.
Сепак, Станковиќ ги демантирапше наводите дека е ранет.
-И јас како и вие, од медиумите дознав што се случило. Јас го завршив настапот околу 4 часот по полноќ, по што отидов во хотел, а утредента ме одведоа на аеродром, така што за тоа разбрав дури откако стигнав во Белград. Она што отпосле разбрав е дека до инцидентот дошло меѓу, за мене непознати момчиња, по мојот настап, па интервенирала полицијаа. Навистина сум збунет, зошто се помина во ред и одлична беше атмосферата. Јас сум добро, како што реков ништо од тоа не видов, изјави Милан.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево