Македонија
27. November 2015 - 13:58

Драма во Валандово, киднапирано 15-годишно девојче

Во Полициското одделение од ОН-Валандово вчера околу 01.15 часот С.А.(35) од село Калково, пријавил дека околу 01.00 часот во село Калково од страна на непознати лица била грабната неговата петнаесетгодишна ќерка по што со патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“, црвена боја се упатиле во правец на Неготино, а потоа кон Радовиш.

Од преземените мерки, соопшти денеска МВР, било дознаено било дека се работи за лицата: Е.М.(21), Ѓ.Д.(25) и  М.А.(17), сите од село Градашорци.

Од страна на полициски службеници од ПС од ОН-Радовиш грабнувачите се лишени од слобода за понатамошна постапка.