Драма во тетовскиот суд: Жена го зграпчи обвинителот и му се закануваше
Во полициската станица во Тетово во 16.15 часот З.Р. (65) од тетовското село Нераште, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, пријави „загрозување на сигурноста“.
Во денешното соопштение од МВР се појаснува дека во 15.07 часот во Основниот суд во Тетово, по објавување на пресуда против обвинет од Скопје, една од присутните му пришла и со двете раце го фатила во пределот на реверот на палтото и почнала да го влече, заканувајки му се дека ќе има работа со неа.
На ова реагирал обвинетиот, кој успеал да ја оттргне од обвинителот.
По барање на судијата, интервенирала судската полиција и ја отстраниле од судницата, но не ја обезбедиле за понатамошна постапка, односно ја напуштила судската зграда.
Се работи на идентификација и пронаоѓање на сторителот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море