Македонија
9. February 2016 - 13:46

Драма во Свети Николе: 14-годишно дете застрела маж со воздушна пушка

Вчера околу 13.30 часот во село Сопот, светиниколско, во дворот од сопствената куќа Д.Д. (55) бил застрелан во пределот на главата со воздушна пушка  калибар 4,5мм од четиринаесетгодишник од Свети Николе. 

Д.Д. се здобил со повреда за која на 08.02.2016 година се јавил во КЦ-Штип за укажување на лекарска помош и настанот го пријави во ПС-Свети Николе.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.