Македонија
8. March 2019 - 14:29

Драма во струмичко: Свекор нападнал снаа

 По вербална расправија меѓу нејзиниот сопруг и нејзиниот свекор, В.П. од селото Чанаклија, Општина Василево, вчера била физички нападната од свекорот по што паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди, соопштија денес од СВР Струмица.

Свекорот А.П. (68), полицијата го лишила од слобода и е задржан во Полициската станица во Струмица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.