Македонија
20. October 2018 - 15:43

Драма во Струга: Демолирал казино, а на полицајците им се заканувал со бомба

Вчера околу 19,30 часот пред казино лоцирано на улицата “Маршал Тито“ во Струга приведен бил П.К.(45) од струшкото село Велешта, соопшти МВР.

Претходно, тој влегол во казиното и со закани од благајникот побарал пари, по што почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата. Тој продолжил да се заканува и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале на местото на настанот.

Потоа фрлал и со предмети при што го оштетил предното стакло од полициското возило.

Во еден момент, П.К. ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека наводно ќе активира бомба.

Тој набрзо бил совладан и лишен од слобода.