Македонија
21. November 2018 - 14:20

Драма во скопско: Се скарале и се степале пред куќата

Тепачка се случила вчера пред куќа во скопско, на која ѝ претходела расправија.

Во 16:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во село Орешани, по претходна вербална расправија, дошло до тепачка помеѓу лицата 34-годишниот А.Л. и 59-годишниот С.Л. од една страна и 61-годишниот К.М. и 64-годишниот Т.А. од друга страна.

Против нив ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 11/1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.