Македонија
23. December 2018 - 15:58

Драма во скопски ресторан - вработените трауматизирани од пијан гостин

Предновогодишната еуфорија се почесто предизвикува инциденти по скопските угостителски објекти. Според информациите на полицијата, рано утринава во полициска станица е пријавено е дека на ул. Венјамин Манчуковски во Скопје, во угостителски објект Н.Б. го нарушил јавниот ред и мир со кршење на чаши и други предмети и агресивно се однесувал кон вработените затоа што не му било дозволено да остане во објектот по завршувањето на работното време.

Против Н.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.