Македонија
12. October 2018 - 15:57

Драма во скопски Аеродром: Лажен полицаец пресретнал момче и девојка, па ситуацијата ескалирала

Драма во скопската населба Аеродром. Според информациите на МВР, утринава во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.П.(23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03.30 часот, додека се движел по булеварот Кузман Јосифовски Питу со своето возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки со негова другарка, во близина на железничката станица, а потоа и кај трговскиот центар Бисер биле пресретнати од патничко возило „Киа“ и од него излегле три лица.

Возачот извадил легитимација и лажно се претставил дека е полициски службеник, по што му ги зел телефонот и документите. Потоа Д.П. заминал кон паркот во Ново Лисиче, каде требало да се види со пријатели, но тука дошле и лицата со возилото „Киа“ и од неговите другари побарале документи.

Едно од лицата физички го нападнало Д.П. и му се заканувало со пиштол. Веднаш по пријавата преземени се соодветни мерки и активности и во полициска станица е приведен сторителот Г.С. (25). По целосно расчистување на случајот ќе биде превземени соодветни мерки.