Македонија
26. May 2018 - 13:31

Драма во Скопје: Прво му го претепал кучето до смрт, па му се заканил со ловџиска пушка

Во Полициската станица Драчево, вчера 41- годишниот И.Х. од село Елово, скопско, пријавил дека на 24.05.2018 година околу 16 часот неговиот малолетен син видел како негов братучед го тепа неговото куче, кое подоцна починало. Кога го прашал зошто го прави тоа, тој му се заканил дека ќе го застрела со ловџиска пушка ако му каже на татко му. 

За настанот е известен Јавен обвинител. 

Полицијата презема потребни мерки за расчистување на случајот.