Македонија
27. August 2017 - 11:45

Драма во Скопје: Мајка и ќерка погрешно го паркирале мерцедесот, па ги нападнале полицајците

Синоќа во 21,30 часот во Скопје, на ул. „20-ти Октомври“, пред објектот на амбасадата на Босна и Херцеговина Љ.А. (65) и нејзината ќерка К.А.(42) од Скопје паркирале патничко возило „Мерцедес“ на забрането место за паркирање, по што од страна на двајца полициски службеници им било укажано дека на тоа место не било дозволено паркирање.

 Љ.А. и К.А. започнале вербална расправија со полициските службеници, а потоа и физички ги нападнале нанесувајќи им телесни повреди, а им искинале и делови од униформата.

Љ.А. и К.А. биле лишени од слобода и задржани во ПС Центар за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот