Македонија
7. August 2018 - 14:53

Драма во Скопје: Крвнички претепани маж и жена во својот дом

Драма во семеен дом во Скопје, пријател му дошол на врата по кратка расправија ја земал палката и почнал да го тепа него и сопругата.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 25 мај 2018 година околу 14 часот на ул. „Мечкин Камен“ во Скопје, по претходна расправија, Д.А. со дрвена палка физички го нападнал Н.Ј. (38) и неговата сопруга и им нанел тешки телесни повреди.