Македонија
22. December 2016 - 14:06

Драма во Пробиштип: Храбра газдарица на разбојникот му го оттргна пиштолот од рака

Вчера во 18.20 часот во Пробиштип, во приватно претпријатие непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво во обид.
 
Сторителот влегол и од вработената, која е сопственик на фирмата, побарал пари. Вработената успеала да го фати пиштолот на сторителот, но истиот ја турнал и успеал да побегне.
 
По преземените мерки од страна на полициски службеници и извршеното препознавање, утрврдено е дека сторител на кривичното дело е С.К. (27) од Штип.
 
Истиот е приведен и задржан во ПС Пробиштип.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.