-->
-->
Драма во Петровец: Отишла на интервју за работа во фирма, дошол сопругот - полицаец и ја искубал
-->
Вчера а во 16,30 часот во Полициско одделение“Петровец“, Ј.К.(33) пријавила дека околу 14,00 часот во фирма во с.Марино, каде што била на интервју за работа, дошол нејзиниот сопруг П.К. (36) инаку полициски службеник со кого не живеат заедно околу една година и истиот почнал да ја навредува и да ја влече за коса.
Ј.К. побарала лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за што приложила медицинска документација.
Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди и од П.К. биле одземени службеното оружје, палката и лисиците за врзување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација