Свет
20. May 2019 - 19:28

Драма во Париз: Затворена Ајфеловата кула- Евакуирани сите посетители

Една од најголемите туристички атракции во Париз, Ајфеловата кула , е затворена попладнево за посетители , а сите на неа биле евакуирани , откако полицијата забележала маж како се качува по неа.

Полицијата и пожарникарите се на самото место и почнуваат акција за да го симнат непознатиот маж.

Ајфеловата кула , која неодамна го прослави својот 130 . јубилеј , со својата височина од 324 метри , е атрактивна дестинација за авантуристи , но искачувањето по неа е забрането, освен по скалилата или со лифт.