Македонија
6. November 2016 - 12:22

Драма во Отља: Претепан и ограбен во својот дом

Вчера околу 20.50 часот во с.Отља, кумановско, три засега непознати маскирани лица влегле во куќата на Т.С.(66), физички го нападнале и му одземале 300 швајцарски франци, 150 евра, 14.000 денари и пиштол „Застава“ калибар 7,62 мм, што оштетениот го поседувал со дозвола, мобилен телефон „Самсунг“ и мобилен телефон „Ајфон 4“, со што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.
 
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.