Балкан
24. February 2016 - 9:32

Драма во Ниш: Ве молам спасете ја жена ми од реката

-Најдете ја, ве молам, најдете ја! Спасете ја и извлечете ја мојата жена од водата -очајнички лелекаше Срѓан Мартиновиќ (44) од Ниш откако беше извлечен од реката Нишава од страна на спасители, додека неговата невенчана сопруга Весна Југовиќ (47) исчезна во надојдената река.

Срѓан вчера околу 13 часот под неразјаснети околности паднал во Нишава, во близина на Трговскиот центар Рода заедно со сопругата Весна, со која го шетал кучето покрај реката.

Весна прва паднала?

Според првичните информации, таа се лизнала, а Срѓан се обидел да ја спаси, па и тој паднал во водата. Видан Јовановиќ кој се наоѓал во непосредна близина на местото на трагедијата вели дека не знае како овие луѓе се нашле во водата.

-Ловев риби, кога слушнав викање, па дотрчав до брегот. Видов маж како целосно изнемоштен се обидува да дојде до брегот. Беше околу 4 метри од копното, но сигурно ќе се удавеше, да не скокневме да му помогнеме. Им помагав на пожарникарите кои во меѓувреме дојдоа да го извлечат од реката. Не знам кој е, не сум го видел претходно, рече Јовановиќ.

На очајниот давеник прва помош му пружил еден од полицајците, кои од собраните граѓани барал сува облека зошто Мартиновиќ се тресел, како од шок така и од студ.Брзо стигнала и итната помош и со количка дошле до брегот зошто овој дел од брегот на Нишава не е пристапен за возила. Додека медицинскиот персонал го пренесуваше, тој не престануваше да ја бара жената.

Потрага по жената

Мештаните велат дека ја познаваат оваа двојка.

-Сме ги гледале дека шетаат куче, ротвајлер. Тој се уште трчка беспомошно, ги бара. Што се случило не знаеме, не ги познаваме толку, рекоа овие луѓе.

Во тек е потрага по жената која исчезна во реката.

-Ја пребаруваме реката, но од исчезнатата жена засега нема трага, вели извор од полицијата.

Nestala bez traga... Vatrogasci u potrazi za Vesnom Jugović
 
Поради топењето на снегот од околните планине, зголемен е водостојот на Нишава.
-Не верувам дека реката ја однела жената подалеку, во близина на местото каде паднала има и некои пештери, вирови, можно е таму да е заглавена, вели еден од добрите познавачи на реката.