Македонија
10. July 2017 - 13:18

Драма во Мирковци: Со тесла и го скршил черепот на снаата за брат, се бори за живот

 
Вчера, околу 20,00 часот, во с.Мирковци-Скопје, поради нерасчистени имотно правни односи, Б.П.(59) со неколку удари со тесла во пределот на главата и нанел тешки телесни повреди на неговата снаа за брат С.П.(54).
 
Истата е пренесена во Клинички центар-Скопје и се наоѓа во животна опасност.
 
Б.П. е приведен во Полициска станица Кисела Вода, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.