Македонија
30. March 2018 - 10:34

Драма во македонски затвор - 22-годишно момче се обиде да се самоубие

Затвореник сакал да си го одземе живоотот во тоалетот, 22-годишниот е итно пренесен во болница. Според информациите на МВР, вчера во 16,30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Куманово, Б.П. вработен како надзорник во Казнено поправната установа “Затвор Куманово“ с.Кшиње пријавил дека во затворот, лицето А.И. (22) од Свети Николе, се обидел да се самоубие на тој начин што во тоалетот кој се наоѓал позади кујната на затворот, со нож си нанел убодна рана во пределот на стомакот и рана во пределот на задната лева страна од вратот.

Истиот бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.