Македонија
26. October 2016 - 13:44

Драма во Куманово: Тројца претепале месар

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (23), Б.С. (25) и Д.С. (20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 27.минатиот месец околу 16.20 часот, откакко дошле пред месара на ул. „Иво Лола Рибар“ во Куманово и фрлиле отпушок од цигара, биле опоменати од оштетениот С.А. (21) од Куманово да не фрлаат отпушоци,  истите со употреба на физичка сила го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото по што му нанеле телесни повреди.