Драма во Куманово: Средношколка киднапирана на голем одмор, ја удриле и ја онесвестиле, па ја оставиле
Вчера во 15,00 часот во СВР-Куманово, жител од с.Лојане Општина Липково, пријавил дека малолетно девојче, ученик во Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, била грабната претходниот ден. Имено, околу 10,00 часот на големиот одмор девојчето заедно со другарките излегле од дворот на училиштето односно пред касарната, каде што застанало патничко моторно возило, од кое излегол Р.З. со уште едно лице и со закана и употреба на сила, ја фатиле за раце и ја внеле на задното седиште од возилото.
Непознатото лице го удрило девојчето во пределот на главата, по што таа паднала во безсознание, додека Р.З. го возел возилото. По некое време девојчето се освестило на напуштено место, додека Р.З. и непознатото лице со возилото биле заминати во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација