Македонија
6. April 2016 - 13:55

Драма во Крива Паланка: Ја врзале домаќинката, пребарувале низ куќата

Вчера околу 08.00 часот во Крива Паланка, во семејната куќа на С.С., две непознати машки лица извршиле разбојништво во обид.

Сторителите заѕвониле и, кога им отворила ќерката на С.С., истите веднаш  ја турнале по што влегле внатре и ја врзале.

Откако извршиле пребарување и не одзеле ништо ја напуштиле куќата и со патничко возило побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.