Македонија
10. November 2015 - 13:59

Драма во Карпош - Нападнато едно лице

Синоќа околу 22 во населбата Карпош во Куманово додека  34 годишен скопјанец седел во своето возило му пришле две момчиња со кого се познавале од порано и двајцата од Куманово и започнал да му бара пари. Потоа физички го нападнал по што му го одзел мобилниот телефон и го напуштиле местото на настанот. Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово осомничените се пронајдени и приведени, извршен е разговор со нив и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.