Македонија
6. November 2020 - 16:03

Драма во Идризово: Татко со остар предмет му нанел убоди на својот син

На 05.11.2020 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Идризово, скопско, Е.Р.(80), лице со здравствени проблеми, со остар предмет му нанел повреда на неговиот син Р.Р..

Според пријавеното, тој бил совладан од членови на семејството, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.