Македонија
18. January 2018 - 13:35

Драма во гостиварско: Ќе ми бидеш сопруга! - ја грабнал и ја држел девојката во неговата куќа месец дена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ф. (20) од село Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

М.Ф. на 6. октомври минатата година околу 12.00 часот во Гостивар, после упатени закани кон Е.А. (18) од село Сенокос, гостиварско, ја наговорил да влезе во такси возило, по што се упатиле во домот на пријавениот.

Отако пристигнале, пријавениот и соопштил на Е.А. дека таа ќе му биде сопруга, по што ја држел во неговата куќа до 15.ноември минатата година.

Тој ден, од телефонот од таткото на пријавениот, таа се јавила на татко и.

Родителите и братот на Е.А., заедно со полициски службеници пристигнале во село Пирок и ја земале девојката.