Македонија
20. February 2020 - 17:55

Драма во Гостивар, турски државјанин (23) пронајден избоден на патот, подоцна уапсена девојката која се обидела да го убие

Вчера околу 20.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од остар предмет на патот бил пронајден О.А.Х.(23) од Р.Турција, со регулиран престој во Гостивар. Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Во 22.00 часот, во врска со настанот, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ во Полициската станица Гостивар од слобода била лишена К.Д.(24) од Р.Турција, со привремено живеалиште во Гостивар.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.