-->
-->
Драма во Гостивар: Со мотика бркал крадец од својот дом
-->
Вчера во 13.10 часот во полициската станица Гостивар Д.К. (41) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 13.00 часот, додека го средувал дворот, забележал дека некој се движи на горниот кат од куќата.
Земал мотика, влегол во куќата и видел дека вратите од собите се насилно отворени и дека во нив е направено пребарување. Во една од собите пронашол непознато лице, кое во раката држело прожектор, кој го фрлил кон Д.К. и го погодил во ногата, по што почнало да трча по скалите.
Пријавителот со мотиката го удрил непознатото лице во пределот на грбот, но истото успеало да избега.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Гостивар и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари